чајник | м.

Сад за приготвување чај.

чај-шеќер | м.

Шеќер во коцки.

чајџилница | ж.

Угостителски објект каде што се служи чај.

чвркне | св.

Опали, изгори од сонце. По дождот, сонцето го чвркна тутунот. Сонцето ги чвркна аргатите.

чврчори | несв.

Испушта звук како при ладење на усвитено железо, при пржење и сл. Ковачот го пикна зажареното железо во водата и тоа почна да чврчори. Месото почна да чврчори, да се пече. Сланината чврчори во тавата.

чевел | м.

Затворена обувка изработена од кожа или друг цврст материјал. Ги собу чевлите и влезе дома. Чевли со високи потпетици. Женски чевли. Ниски чевли. Боја за чевли. Чевлите ги намачка со боја и ги светна.

чевлар | м.

Занаетчија што прави, поправа или продава чевли.

чевларница | ж.

Работилница за изработка на чевли.

чевларство | ср.

Чевларски занает. Чевларството во нашиот град е во подем.