чепне | св.
Пофати, пипне нешто. Детето само чепна во торбата, ништо не зеде. Тој благо ја чепна по раката колку да провери дали е тука.
чепорест | прид.
Што е со чепорошка, што е како чепорошка. Чепорести гранки.
чепорок | м.
Како мера за должина ‒ растојанието меѓу врвот на палецот и на показалецот кога се растегнати. Ни чепорок повеќе, до тука. Една педа и чепорок.
чепорошка | ж.
Гранка што природно се двои, се разгранува на два крака. Гнездото беше направено на една чепорошка.
чепур | м.
чепурка | ж.
червиш | м.
Сок, растопена маснотија од месо.
червишен | прид.
Што се однесува на червиш. Зготви ја манџата почервишно.
червишлија | прид.
Што е со многу червиш. Јанијата беше червишлија, прсти да изедеш.
черга | ж.
Вид дебела ткаенина за постилање или за покривање. Парталава черга. Ја смете одајата и ги посла чергите. Ткаеше черги од партали.