чеп | м.
Дрвена затка на бочва, каца или на друг сад. Виното зашурка низ чепот. Чепот на бочвата го затвора со восок.
чепати | несв.
За уста, нозе и др. ‒ шири, широко отвора. Му ја чепатеа устата на ждребето да му наместат узда. Кучињата се касаа, ги чепатеа муцките.
чепатлак | м.
Претерување во нешто повеќе од можностите. Тоа се само чепатлаци, ништо нема од тоа.
чеперок | м.
чепи | несв.
Развлекува, шири. Се смее сосила, ја чепи устата. Ја чепи устата, како да се проѕева.
чепка | ж.
Отчепен дел од нешто, обично од растение. Дај ми една чепка од сарделата.
чепка | несв.
За птица ‒ со нозете, со клунот растребува, бара храна. Кокошките чепкаа на селското буниште. Пилињата чепкаа по дворот.
чепкалка | ж.
Мало дрвено стапче изострено на двата краја, најчесто за чепкање заби, боцкање на храна и др. Чепкалки за заби. Јадеше ќебапчиња боцнати на чепкалки.
чепкало | ср.
Справа за чешлање волна и др.
чепкен | м.
Ракав на џамадан.