чергар | м.
Тој што живее под черга, под шатор, што скита од место до место. Чергарите правеа кошници и продаваа вретена.
чергари | несв.
Живее под черга, на чергарски начин.
чергарство | ср.
Чергарски живот.
черевиз | м.
черек | м.
Четвртина од нешто. Дојде во еден и черек. Испече черек јагне.
черемуша | ж.
черен | м.
Сводот на огништето под оџакот. Над самото огниште на гредите наредени се штици кои го прават таканаречениот черен од кој се одбиваат искрите и го штитат покривот да не се запали, доколку е од слама или 'ржање.
череп | м.
(анат.) Коски на главата што ја градат мозочната празнина. Коските на глаавата се делат на коски на черепот и коски на лицето.
черепна | ж.
черепналка | ж.