черечи | несв.
Сече, кине на череци. Тој го черечеше јагнето.
череша | ж.
черија | ж.
Стадо говеда; крдар.
Черкез | м.
Припадник на етничка група во азискиот дел на Русија.
черпија | ж.
Конец со кој молерите со боја повлекуваат црта на ѕидот.
черчеве | ср.
Рам на прозорец, на врата.
черчија | ж.
Трговец со ситна стока.
черчилница | ж.
Дуќан со ситна стока.
чесен 1 | м.
Одделен дел од главица лук. Во пинџурот стави неколку чесни лук.
чесен 2 | прид.
За човек ‒ што е морално исправен; исправен 3, поштен. Чесен човек. Неговите родители беа од чесни, почесни. Чесни синови на родната земја.