честита | несв.
Со зборови (усно или писмено) изрази честитки некому за нешто (празник, чин, успех и др.). Им ја честитавме свадбата на младоженците. Му го честитав именденот на кумот. Ти честитам, добро завршена работа.
честитка | ж.
Честитање. Ја слушате емисијата „Поздрави и честитки“. Младоженците примија многу честитки за долг и среќен брак.
честица | ж.
честичка
честичка | ж.
Мал дел од нешто, делче. Честичка прав. Радиоактивни честички.
честопати | прил.
Повеќепати едно подруго; често. Честопати доаѓаше кај нас
честоред | прид.
Што е во густи редови. Честореда пченка.
честота | ж.
Честа употреба, често појавување на нешто. Честотата на туѓите зборови во еден текст.
честотен | прид.
Што се однесува на честота. Честотен речник.
честољубец | м.
Претерано честољубив човек.
честољубив | прид.
Што држи многу до својата чест, што има силна желба за чест, за почест. Честољубив човек.