честољубивост | ж.
Особина на тој што е честољубив.
честољубие | ср.
Љубов кон чесното однесување, кон чесниот живот. Честољубието не му дозволува да лаже. Негова најголема вредност е честољубието
чета | ж.
(воен.) Основна воена единица која влегува во состав на баталјон. Првата чета беше построена. Една чета тргна во напад. Ударна чета.
четверец | м.
(литер.) а) Стих од четири слога. б) Строфа од четири стиха.
четворен | прид.
Што е четирипати поголем. За тоа платил четворна цена.
четворица | бр.
Само за машки или за мешани лица ‒ четири лица. Четворица браќа. Дојдоа само четворица мајстори. Четворица учители.
четворка | ж.
Бројката 4.
четворобоен | прид.
Што е во четири бои. Четворобојни дресови. Четворобоен килим.
четворобој | м.
Натпревар во четири атлетски дисциплини.
четвороброј | м.
Четири броја на списание печатени како една книга.