чесен 3 | прид.
Свет, почитуван. Чесна трпеза. Чесен крст.
чесник | м.
Човек што е чесен. Тој од секогаш бил најблагородниот чесник што го познавам. Имаше среќа да живее меѓу чесници.
чест | ж.
Целокупност од општествено обусловени востановени морални вредности што ги има човекот како поединец и како член на определена општествена заедница поврзани со неговото достоинство, со неговото добро име и углед во средината. Чува чест некому.
чест | прид.
Што се повторува, што се случува, се извршува многупати едно по друго, многукратно. Честа појава. Чести посети. Честа употреба. Чести дождови. Чест посетител.
честак | м.
Честа, густа, ниска, млада шума. Од честакот крај патот истрча еден зајак. Пожолтен буков честак. Се изгуби во честакот.
честар | м.
чествува | несв.
Слави со големи почести настан, случување или личност од големо значење за заедницата. Денес го чествуваме денот на ослободувањето.
чести | несв.
Послужува некого со нешто, нагостува. Тој нè честеше ручек. Таа честеше за станот.
честина | ж.
Густо решето со мали дупчиња.
честит | прид.
При честитање, при изразување убави желби за нешто. Честит роденеден. Честита снаа. Честито име. Честит празник.