четворопрег | м.
Кола со четири коњи во запрегата.
четворопрежен | прид.
Во кој се впрегнуваат четири запрежни грла. Четворопрежна кола.
четворореден | прид.
четворосложен | прид.
четворособен | прид.
четворостран | прид.
четворочлен | прид.
четврт | м.
Една четвртина од килограм (самостојно или со броевите еден и три). Четврт килограм брашно.
четвртест | прид.
Што има форма на четириаголник. Четвртеста маса. Четвртесто лице.
четврт(и) | бр. прид.
Што е по ред зад третиот, редна бројна придавка според бројот четири. Четврти дел. Четврто одделение. Четврти кат. Четвртиот ден стана од постела. Четвртиот дел од имотот.