четвртина | ж.
Четврти дел од нешто. Четвртина леб.
четврток | м.
Четврти ден во седмицата, денот по среда.
четвртокласник | м.
Ученик во четврти клас гимназија.
четврточен | прид.
Што се однесува на четврток, што е од четврток, што се случува во четврток. Четврточен план. Четврточен весник. Четврточна средба.
четвртчија | м.
Тој што обработува земја за која му плаќа на сопственикот четвртина од родот.
четен | прид.
Што се однесува на чета. Четен командир. Четни списоци. Четна конференција.
четиво | ср.
Определен материјал за читање со различна намена; текст. Читанка со четива на мајчин јазик. Четива со црковна содржина.
четина | ж.
Цврсти и остри влакна на некои животни. Свинска четина.
четинав | прид.
Што е обраснат со четини, што е со четина. Четинаво прасе.
четинар | м.
Дрвја и грмушки со листови во форма на иглички, со форма на четини.