чакален | прид.

Што се однесува на чакал2. Чакална покривка.

чакалест | прид.

Што има многу чакал2. Чакалеста почва.

чакалиште | ср.

Место каде што има многу чакал2.

чакарест | прид.

За очи ‒ што се шарени, различни по боја кај еден човек. Чакарести очи.

чакарлив | прид.

чакија | ж.

Вид џебен нож што се склопува, обично со коскена рачка.

чакмак | м.

Огнило, секало. Извади од појасот чакмак и заудира по каменчето.

чакнат | прид.

За човек ‒ што е удрен, нетокму. Човекот е малку чакнат, не знае што зборува.

чакне | св.

Удри малку, потчукне.

чакрест | прид.