чакрлив | прид.

чакрлија | прид.

Што е со шарени очи.

чакшири | и.

Вид шајачни панталони, дел од народна носија; Носеше сукнени чакшири и износени опинци.

чалам | м.

Претерано фалење на самиот себе со своето однесување, особено на тој што се прави премногу паметен, важен, се дига на големо.

чаламџија | м.

Тој што крева (продава) чалам. Тој е голем чаламџија.

чалга | несв.

Удира со нога, шутира топка; Децата чалгаа топка.

чалгаџија | м.

Свирач во оркестар чалгија. Во дворот влегоа чалгаџиите пеејќи и свирејќи свадбарски псени.

чалгија | м.

Професионална група на свирачи, оркестар што свири ориентална музика или музика во тој стил. По невеста одеа со две рала чалгии. Чалгиите пеат носталгична, печалбарска песна.

чалдиса (се) | св.

Пожолти при пеглање, подгори малку. Му ги чалдиса панталоните. Гредите (се) чалдисале.

чалдисан | прид.

Што пожолтел од некаква жештина. Чалдисани панталони. Чалдисани греди.