чади | несв.

Испушта чад. Оџаците на куќите деноноќно чадеа. Во пепелникот чадеше запалена цигара.

чадлив | прид.

Што пушта многу чад. Чадливо огниште. Чадливи дрва. Чадлива ламба. Чадливи факели.

чадовина | ж.

Мирис на чад. Замириса на неприајтна чадовина.

чадор | м.

Прирачна направа од жици и платно што штити од дожд или од сонце. Машки чадор. Женски чадор. Чадор за сонце.

чадорест | прид.

Што има форма на чадор. Чадорести фустани. Чадорест цвет.

чадорџија | м.

Тој што изработува или што поправа чадори.

чаен | прид.

Што се однесува на чај. Чајно печиво. Чајна маса. Чајни филџани.

чаир | м.

Ливада, полјана, пасиште. Децата играа на чаирот над селото.

чакал 1 | м.

Вид диво куче; Canis aureus.

чакал 2 | м.

Ситен кршен камен. Го зеле ангарија да крши чакал по џадињата.