четинест | прид.
Што наликува на четина.
четири | бр.
Основен број поголем за една единица од три, помал за една единица од пет, се бележи со бројката 4. Четири години. Четири страни на светот. Четири дена.
четири- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење: четири од тоа што е означено со вториот дел од сложениот збор (четиригодишен, четирикатница, четиристотини и др.).
четириаглест | прид.
четириаголен | прид.
Што е со четири агли. Четириаголен столб. Четириаголно здание. Четириаголна маса.
четириаголник | м.
Многуаголник со четири агли.
четирибоен | прид.
Што е со четири бои.
четиригласен | прид.
За песна ‒ што се исполнува на четири гласа; четворогласен.
четиригодишен | прид.
Што има четири години. Мојот четиригодишен син. Четиригодишно дете.
четиригодишнина | ж.
Годишнина од настан што се случил пред четири години.