четиридневен | прид.
Што трае четири дена. Четиридневен одмор.
четириесет | бр.
Основен број за определена бројност, четири пати поголем од десет; се бележи со бројката 40. Четириесет години. Четириесет дена.
четириесетгодишен | прид.
Што е на четириесет години. Четириесетгодишен маж. Четириесетгодишна жена.
четириесетгодишнина | ж.
Годишнина од настан што се случил пред четириесет години. Четириесетгодишнина од загинувањето на народниот херој.
четириесетдневен | прид.
Што трае четириесет дена. Четириесетдневен одмор.
четириесетина | бр.
Множество од околу четириесет души или предмети. Дојдоа четириесетина. Четириесетина книги имаше на полицата.
четириесетмина | бр.
Четириесет души само мажи или мажи и жени. Четириесетмина коњаници.
четириесетти | бр.
Бројна придавка од четириесет. Четириесетти по ред. Четириесеттиот ден.
четириесеттина | ж.
Еден дел од цело поделено на четириесет дела.
четириесетчасовен | прид.
Што трае четириесет часа. Четириесетчасовен штрајк.