четирикатен | прид.
Што е на четири ката. Четирикатна зграда.
четирикатница | ж.
Зграда или куќа на четири ката. Живееше во една четирикатница во центарот на градот.
четирикратен | прид.
Што се случил четирипати. Четирикратен победник.
четирикрилен | прид.
Што има четири крила, што се состои од четири крила; четворокрилен. Четирикрилен прозорец. Четирикрилна врата.
четирилистен | прид.
Што е со четири листа. Четирилисна детелина.
четиримесечен | прид.
Што трае четири месеца.
четиримоторен | прид.
Што е со четири мотори. Четиримоторен авион.
четиринаесет | бр.
Основен број што е за четири единици поголем од десет, се бележи со бројот 14. Поминаа четиринаесет години.
четиринаесетгодишен | прид.
Што има четиринаесет години. Четиринаесетгодишно момче.
четиринаесетмина | бр.
Четиринаесет души само мажи или мажи и жени.