четиринаесетти | бр.
Бројна придавка од четиринаесет.
четиринеделен | прид.
Што трае четири недели. Четиринеделен семинар.
четириножен | прид.
За животно ‒ што има четири нозе.
четирипати | прил.
Што се повторува четири пати. Четирипати кажа што треба да правиме. Четири пати дојде да те види
четириреден | прид.
Што е со четири реда; четворореден.
четирисложен | прид.
Што има, што е од четири слога. Четирисложен збор.
четирисобен | прид.
Што е со четири соби; четворособен. Четирисобен стан.
четиристапен | прид.
Што има четири стапки. Четиристапен јамб.
четиристишен | прид.
Што е со четири стиха. Четиристишна строфа.
четиристишие | ср.
Строфа од четири стиха.