четиристогодишнина | ж.
Годишнина од настан што се случил пред четиристотини години.
четиристогодишница | ж.
четиристотини | бр.
Број и количество од четирипати по сто единици; се бележи со 400.
четиристран | прид.
Што има четири страни. Четиристрана пирамида.
четиритонски | прид.
Што тежи четири тона.
четиричасовен | прид.
Што трае четири часа. Четиричасовен одмор. Четиричасовно работно време.
четиричлен | прид.
Што е од четири члена. Четиричлено семејство.
четка | ж.
Направа за чистење, четкање, рибање и др., направена од цврста подлога (дрвена, пластична, коскена и сл.) во која се прицврстени влакна, природни или вештачки или нешто слично на тоа. Четка за чевли. Четка за алишта. Четка за заби.
четка | несв.
Чисти со четка. Ги четка чевлите. Го четка палтото од прашина.
четкар | м.
Лице што прави или што продава четки. Тој правеше четки за сликарите.