чалија | ж.

Боцкава грмушка, драка; Paliurus aculeatus. Волната останува по чалиите.

чалма | ж.

Платнен завој околу фесот кај муслиманите.

чалнат | прид.

Што е мрднат со умот, удрен, чакнат; Тој е чалнат во умот. Го сметаа за чалнат.

чалне | св.

Удри, обично со нога топка или нешто слично. Добро ја чална топката. Го чална по глава. Ја чална желката и таа се собра во корупката. Чална нервозно едно камче.

чам | м.

(бот.) Иглолисно дрво ‒ ела, бор, смрека.

чамец | м.

Мал пловен објект, чун. Рибарски чамец. Чамец за спасување. Гумен чамец.

чамов | прид.

Што е од чам. Чамови греди. Чамови штици.

чамовина | ж.

Чамово дрво како градежен материјал, како материјал за обработка. Таван од чамовина.

чамовица | ж.

Дрво од чам.

чампари | и.

Ударен музички инструмент од две месингани плочи што при удар една од друга даваат ефектен звук;