чамрак | м.

Ливада што многу често е под вода.

чам-саказ | м.

Смола од иглолисници.

чамче 1 | ср.

Лонче, мал сад за вода, обично за на чешма.

чамче 2 | ср.

Тип народни ора што започнуваат бавно, достоинствено и слободно, со смирени чекори, кои во вториот ритмичен дел се забрзуваат придружени со чалгиски оркестар. Женско чамче. Не го знае да го игра пусто чамче / пусто чамче елбасанче

чамџија | м.

Тој што плови, што управува со чамец.

чанак | м.

Длабок дрвен или земјен сад за јадење, за толчење лук, пиперки и сл. Дрвен чанак со пинџур. Ги тури јајцата во земјен чанак.

чанта | ж.

Торба од кожа, од ткаенина и др. со различна форма и големина. Дамска чанта. По џадето се враќаа службеници со чанти в раце. Ученичка чанта.

чантар | м.

Занаетчија што изработува и продава чанти.

чанче | ср.

Дем. од чанак.

чанчи се | несв.

Обично погрдно ‒ извитоперува, се криви, прави нешто извештачено, искривено, при одење, танцување и сл. Доста туку се чанчиш!