чкор | м.
Парче суво, исушено дрво што се подава обично од земјата. Седеше на еден чкор пред портата. Момчињата корнеа чкорови во коријата за Коледе.
чкорав | прид.
Што е како исушено парче дрво; сув, тврд, корав. Чкорава пенушка.
чкорка | ж.
Помало парче исушено дрво; чкор.
чкоркав | прид.
чкорлав | прид.
чкорлест | прид.
чкорче | ср.
Дем. од чкорка.
чкрап! | изв.
За подражавање на звук што се добива при нагло повлекување, откачување на метален дел од механизам, направа (брава, пушка, фотоапарат итн.). Се чу едно чкрап и потоа истрел. Чкрап ‒ бравата се затвори.
чкрапа | несв.
Произведува краток, остар звук повеќепати;
чкрапало | ср.
Дел од механизам на огнено оружје, тоа со што се чкрапа. Чкрапало на пушка. Паѓајќи го повлече чкрапалото од својот револвер.