чкрапец | м.
чкрапја | ж.
чкрапне | св.
Оддаде краток остар звук при затворање на нешто метално или удирање на два предмета од метал, камен и сл. Чкрапна едно чкорче кибрит. Чкрапна со фотоапаратот. Пушката чкрапна. Ја чкрапна ламбата. Чкрапна резето.
чкрапнеж | м.
Звук што се слуша при чкрапање; Затворачот на пушката исписка во морничав чкрапнеж.
чкрбот | м.
Остар, резок звук што се слуша при чкрботење; Се чу чкрбот на тркала.
чкрботи | несв.
Оддава остар звук, обично непријатен, при триење на два предмета. Чкрботи со забите. Чкрботи нешто со клучот.
чкрботлив | прид.
Што чкрботи. Чкрботлив од. Чкрботливи штици.
чкрипав | прид.
чкрипеж | м.
Звук што се слуша при чкрипење. Чкрипеж на фиоки. Чкрипежот од машините. Чкрипеж на врати.
чкрипи | несв.
Оддава резок, остар, непријатен звук, при одење по под од штици, при работа, употреба на дрвена направа, неподмачкан механизам и сл. Штиците чкрипеа под нивната тежина. Палубата чкрипи. Воловски коли чкрипеа по тесните патишта.