чкембарница | ж.
Дуќан каде што се продава чкембе; гостилница каде што се приготвуваат јадења од чкембе.
чкембе | ср.
Првиот, поголемиот дел од системот за варење на храната кај преживарите. Купи чкембе за чорба.
чкембелија | прид.
чкембест | прид.
Што има голем мев. Чкембести џуџиња.
чкембе-чорба | ж.
Вид чорба приготвена од чкембе.
чкембеџија | м.
чкембеџилница | ж.
чкепе | ср.
Вид копринена шамија за на глава.
чкето | ср.
Вид јадење со јагнешко месо и со многу магдонос.
чкива | несв.
Гледа, набљудува некого. Чкиваше под око кон девојките.