чкриплив | прид.
Што чкрипи. Чкриплива врата.
чкрипне | св.
Оддаде краток остар звук на чкрипење. Бравата чкрипна. Вратата чкрипна.
чкрипот | м.
Звук што се слуша при чкрипење; Се чу чкрипот од воловска кола.
чкрта | несв.
Чкрипи, испушта специфичен звук. Над секој поток неуморно чкртаа воденици.
чкртка | ж.
Бесмислено, бесцелно, случајно повлечена црта, цртичка.
чкртка | несв.
Дем. од чкрта.
чкртне | св.
Оддаде специфичен звук на чкртање. Под коленото чкртна миндерот.
чкулав | прид.
Што е сакат, обично со една рака. Остана чкулав по паѓањето од колата.
чкуле | м.
Тој што е чкулав, сакат.
чкунка | ж.
Остаток од откината рака или нога. Од ракавот му виси чкунката.