чкунтар | м.
член | м.
Припадник на определена заедница, друштво, колективно тело итн. Член на партијата. Член на планинарско друштво. Член на управен одбор. Член на работнички совет. Член на комисија. Тој беше најстар член на семејството.
членарина | ж.
Членски влог, паричен износ што се дава во некоја организација за членување. Тој собира членарина од сите членови на планинарското друштво. Редовно плаќа членарина во партијата.
членест | прид.
Што има членови, што е образуван од членови. Членесто тело на стоногалката. Членести прсти. Членсето стебло.
членка | ж.
Жена член на организација, колектив и сл.
членковиден | прид.
Што е во форма на членови, на членчиња, што е составен од членчиња.
членконог | м.
Тип на многуклеточни животни со екстремитети членковидни и зглобно поврзани со телото и помеѓу членчињата во ист екстремитет и тело покриено и заштитено со цврст слој хитин.
членоразделен | прид.
Што може да биде разделен на членови. Членоразделна реч.
членски | прид.
Што се однесува на член Членски влог. Членска карта.
членство | ср.
Членови на организација земени како целина. Членството на партијата бара промени во програмата.