членува | несв.

Е член на некаква организација, припаѓа некаде. Таа активно спортува и членува во добротворни друштва. Тој членува во поетскиот клуб „Бели мугри“.

членуван | прид.

Што има член 7, што е со член. Членувана именка. Членувана придавка.

членчест | прид.

чмае | несв.

Венее, тлее поради осаменост, напуштеност, болест и сл. Чмае во затвор. Му досадило да чмае затворен во четири ѕида. Жената чмаеше чекајќи го со години мажот печалбар. Градот чмаеше во штама.

чмај | м.

Чмаење, венење поради осаменост, напуштеност и сл. Незасакан од момите в чмај горам. Ако сведнам понекогаш глава, / понекогаш ако паднам в чмај. Натопени со мојте солзи / што јас ги леам свиен в чмај.

чобан | м.

Овчар.

чобанов | прид.

Што му припаѓа на чобан.

човек | м.

Суштество способно да мисли и да зборува, да создава и да користи орудија за работа и да води организиран општествен живот. Човекот е разумно суштество. Луѓе и волци.

човеков | прид.

Што му припаѓа на човек. Човекова природа. Човекова интима. Човековиот труд. Човекови права.