човекојадец | м.
Припаник на првобитно племе, дивјак што јаде човечко месо. Племе на човекојадци.
човекојадство | ср.
Појава на јадење човечко месо, обично од ритуални причини кај некои племиња; канибализам.
човеколик | прид.
Што е сличен на човек. Човеколики мајмуни.
човекољубец | м.
Тој што ги сака луѓето; филантроп.
човекољубив | прид.
Што ги сака луѓето, што е обземен од љубов кон човекот. Тој беше праведен и човекољубив.
човекољубие | ср.
Особина на тој што е човекољубив, хуманост, човекољубивост. Така го развиваа човекољубието.
човекоморен | прид.
Што убива луѓе. Човекоморен виор. Човекоморна битка.
човекоморец | м.
Тој што мори, што убива луѓе. Човекоморец, убиец на жени и деца.
човекоморство | ср.
Дејност на човекоморец. Долго траеше ова човекоморство.
човекомразец | м.
Тој што ги мрази луѓето; мизантроп. Тој надалеку бил познат како човекомразец.