чувадар | м.
чувалиште | ср.
Место каде што се чува нешто.
чувар | м.
Тој што чува нешто. Работеше како чувар. Ноќен чувар. Чувар на магазинот. Чувар на паркот.
чуварина | ж.
Тоа што се плаќа за чување нешто.
чуваркуќа | ж.
Растение што расте во минимални услови, дури и на покривот на куќите, со месести листови распоредени како розета; Sempervivum tectorium.
чуварница | ж.
Куќичка или просторија покрај пруга во која престојува чуварот.
чувач | м.
чувствен | прид.
Што се однесува на чувство, што се доживува со чувства. Чувствен однос. Чувствен живот. Чувствен трепет.
чувствителен | прид.
Што е претерано осетлив, што лесно се препушта на чувствата, што брзо, без воздржување ги изразува чувствата. Чувствителна жена. Чувствително дете. Чувствителни луѓе. Тој е особено чувствителен на честа и чистотата на своите ќерки.
чувство | ср.
Психичка состојба што го одразува позитивниот или негативниот однос кон некого или кон нешто. Чувство на одговорност. Чувство на тегобност. Родољубиви чувства. Непријатно чувство. Чувство на тага.