чувствува | несв.
Доживува, има некакво душевно чувство или усет примен со сетилата. Девојката чувствуваше голема радост. Тој чувствуваше задоволство од постигнатиот успех. Чувствував сожалување кон таа жена. Уште на влезот од собата го чувствував провевот. Чувствуваше горчило во устата.
чудак | м.
Човек со чуден карактер, кој живее на свој начин неприфатлив или неразбирлив за другите. Тој беше по малку чудак во својата љубов. Добродушен чудак. Саможив чудак.
чудаштво | ср.
Особина или постапка на тој што е чудак. Неговото чудаштво се манифестираше на секој чекор.
чудба | ж.
чуден | прид.
Што предизвикува чудење, што е необичен, што се разликува од другите, што предизвикува изненадување. Во тоа нема ништо чудно. Сонив чуден сон. Јадењево има чуден вкус. Писмото беше адресирано со чуден ракопис. Се појавило едно чудно суштество.
чудеса | ж.
чудесен | прид.
Што е многу убав, чудно убав, добар, прекрасен. Откривме чудесна убавина. Чудесна земја. Имаше чудесен блесок во очите. Какви чудесни ноќи.
чудесија | ж.
Нешто што буди чудење со својата посебност, необичност, прекрасност. Во ковчегот имаше секакви чудесии, ум да ти штукне.
чуди | несв.
Предизвика чудење кај некого. Мене ме чудеше животот на луѓето во планинските села.
чудија | ж.
Чудо, чудесија.