чумосан | прид.
Што е болен од чума. Чумосан добиток. Чумосан час.
чумоса (се) | св.
Се разболе од чума. Чумосаа сите во селото.
чуму | зам.
Датив од што, во употреба на зошто прил. при прашање за причината на нешто ‒ поради, заради што?, во контекст на негодување, возразување, несогласување. Чуму ни а ваков свет? Чуму ти е тоа? Чуму сето тоа? Чуму такво брзање?
чун | м.
Пловен објект за ловење риба и пренос на луѓе и стоки по езеро; чамец. Чун заплови по езерото. Чунот беше направен од издлабено стебло. Рибарски чун.
чунар | м.
Тој што управува, што плови со чун. Му плати на чунарот да го префрли на другиот брег од реката.
чунка | ж.
Едно вретено преѓа. Жената испрела една чунка.
чунки 1 | чест.
За изразување сомнеж, неверување, со значење како да не; заре, зарем. Чунки не било за неа пишано. Чунким не можеле да дојдат
чунки 2 | сврз.
За образување зависносложени причински реченици, затоа што, бидејќи; заре, зарем. Тие го чекале, чунки мислеле доцни и ќе дојде. Девојката не дојде ,чунким се разболела. Таа не го измеси лебот, чунки ја викале да им помогне на родителите. Тие го посетиле, чунки го мислеле тешко болен
чунџија | м.
чупа 1 | ж.
Девојка, мома. На орото се фатиле млади невести и чупи.