шарко | ср.

За шарено животно (особено за куче или за коњ); Едното куче беше шарко, а другите две сосема црни.

шарконог | прид.

За животно што е со шарени нозе. Шарконог коњ. Шарконога кобила. Шарконого маче.

шарлаган | м.

Растително масло, густо масло од сусам, афион и сл. Густ шарлаган. Сусамот го мелеа и правеа шарлаган.

шарлаганџилница | ж.

Работилница каде што се преработува сусам, афион и сл. за да се добие шарлаган, масло. Сусамот го однесе во шарлаганџилницата.

шарлаганџија | м.

Лице што поседува шарлаганџилница или што работи во неа, што произведува шарлаган. Нивното семејство се познати шарлаганџии.

шарлатан | м.

Тој што се прави голем зналец, што се замислува нешто што не е; фалбаџија, лажливец, измамник, нечесен човек. Селото се наполни со шпекуланти и шарлатани. Ситен шарлатан.

шарлатанство | ср.

Измама, лага, клевета, нечесно однесување, свесно правење сплетки. Тој беше познат по своето шарлатанство.

шарлатанствува | несв.

Се занимава со шарлатанство. Тој шарлатанствува низ селата.

шарлах | м.

Заразна детска болест;

шарм | м.

Привлечност, љубезност, симпатичност, допадливост. Таа има неодолив шарм. Неговата приказна има невиден шарм.