шармантен | прид.
Што има шарм; привлечен, симпатичен, допадлив. Шармантен господин. Шармантна девојка. Шармантен сценски настап.
шармер | м.
Тој што има шарм и што умее да шармира. Градски шармери.
шармира | св. и несв.
Занесе, занесува, привлече, привлекува, се допадне, се допаѓа некому; употреби, употребува сопствен шарм за да постигне нешто. Таа ги шармира момчињата во класот. Тој ги шармира родителите на девојката. Неговиот настап ја шармираше публиката.
шаро | ср.
шаролик | прид.
Што е разнообразен, мешан. Шаролик предел со различни ендемски видови растенија. Шаролика група. Шаролик свет.
шароног | прид.
За животно (коњ, мачка и сл.) – што е со шарени нозе, со боја на нозете поинаква од таа на трупот. Шаронога кобила. Шаронога мачка.
шарпа | ж.
шарпланинец | м.
Крупен овчарски пес, познат уште кај староседелците на Балканот, меѓународно признат како раса овчарски пес.
шарпланински | прид.
Што се однесува на шарпланинец или на Шар Планина. Шарпланински воздух. Шарпланинска раса кучиња. Шарпланинско сирење. Шарпланинска овца.
шарски | прид.