шареница | ж.

Претерано шаренило, мешаница од шаренило, пренатрупано (со бои и стилови). Шареница во облекувањето. Шареница од мебел во дневната соба.

шарец | м.

Шарен коњ што има шари по телото од поинакви влакна од основната бела боја. Тој дојава на шарецот.

шаржа | ж.

Определена количина суровина што се обработува во еден процес на производство.

шаржер | м.

Метална рамка со повеќе куршуми за пушка, пиштол или друго огнено оружје. Полн шаржер. Празни шаржери.

шари | несв.

Црта, прави линии, повлекува линии врз нешто. Девојчето шареше со прачка по песокот. Учениците шареа со креда по таблата.

шарило | ср.

Материјал, боја или предмет со кој се шари.

шарка 1 | ж.

Реска, цртка, линија, црта на некој предмет или на нешто. Шарките на ѕидот создаваат единство од топли бои. Две шарки парај – црвена и црна. Имаше една шарка на кошулата. Геометриски шарки. Авионот оставаше долга, бела шарка на небото.

шарка 2 | ж.

Метален дел, желевце за поврзување кај врата, различни други делови од мебел, кутија, рамка на врата, крило на прозорец. Метални шарки. Една шарка на дрвената кутија беше разнишана.

шарка | несв.

Шара малку, Детето шаркаше по тетратката.

шарканица | ж.

Слика или текст без некоја вредност и концепција. Неговите шарканици никој не ги купува. Нејзиниот роман е обична шарканица.