шаро | ср.

шаролик | прид.

Што е разнообразен, мешан. Шаролик предел со различни ендемски видови растенија. Шаролика група. Шаролик свет.

шароног | прид.

За животно (коњ, мачка и сл.) – што е со шарени нозе, со боја на нозете поинаква од таа на трупот. Шаронога кобила. Шаронога мачка.

Шар Планина | ж.

Планина во Македонија.

шарпланинец | м.

Крупен овчарски пес, познат уште кај староседелците на Балканот, меѓународно признат како раса овчарски пес.

шарпланински | прид.

Што се однесува на шарпланинец или на Шар Планина. Шарпланински воздух. Шарпланинска раса кучиња. Шарпланинско сирење. Шарпланинска овца.

шарски | прид.

шасија | ж.

Метална рамка, подлога на автомобил и сл. моторно превозно средство врз кој е прицврстена каросеријата. Слаба шасија. Шасиите се изработени од специјален челик.

шасла | ж.

Многу стара сорта грозје со средни по големина, валчести зрна. Виолетова шасла. Бела шасла.