шематизам | м.

Наклонетост кон поедноставување, кон прегледно прикажување преку основни точки.

шематизација | ж.

Претставување во шема, во шематизирана форма.

шематизира | св. и несв.

Создаде, создава, сведе, сведува, претстави, претставува нешто со шема. Тој го шематизира целиот простор и дава опис на движењето низ него. Тој го шематизира принципот за посоодветно следење и примена.

шематизиран | прид.

Што е претставен со шема. Шематизиран приказ.

шематичен | прид.

Што има карактеристики на шема, што е во облик на шема. Очигледен шематичен пат. Шематична поставка. Шематично однесување.

шемет | м.

Вртоглавица, нарушување на рамнотежата, зашеметеност, замелушеност. При секое станување добива шемет. Чувствува шемет во главата.

шеметен | прид.

Замелушен, зашеметен, што е замајувачки, занесувачки; што прави да не можеме да го следиме јасно, бистро. Шеметна брзина. Шеметни цени. Шеметна убавина.

шемизет | м.

Плакар, орман, шкаф каде што се чува долна облека. Дрвен шемизет украсен со шари од седеф. Изработува шемизети.

шен | прид.

Што е весел, шенлив.

шенга се | несв.

Се потсмева, се подбива, прави шеги за другите и за себе. Момчињата се шенгаа со стариот. Тој се шенга на своја сметка.