шеесетина | бр.
Околу шеесет. Таа беше на шеесетина метри од мене.
шеесетинка | ж.
Шеесетти дел од нешто. Само шеесетинка доби од парите.
шеесетка | ж.
Тоа што е означено со бројот шеесет. Таа има шеесетка, но уште е витална.
шеесетмина | бр.
Шеесет луѓе. Шеесетмина спортисти учествуваа на кросот
шеесетти | бр.
Бројна придавка од шеесет.
шеик | м.
Поглавар на семејството и на секоја од општествените структури од племенската заедница, заедно со племенски совет од постарите мажи кај арапските племиња. Шеикот го собра племенскиот совет и цела ноќ се договараа.
шекнат | прид.
Излуден, полуден, чукнат. Шекната жена.
шекне | св.
Стане луд. Тие шекнаа откако им пропадна фирмата. Кога ја скршив раката, јас ќе шекнев од болка.
шекспировски | прид.
Што се однесува на Вилијам Шекспир или што е создавано во негов стил. Во современите трагедии се среќаваат шекспировски стилски секвенции. Неговиот настап наликува малку шекспировски.
шема | ж.
Скица, нацрт, шаблон, образец, определен план кој опишува определена структура, дејство и сл. Апаратот се составува според дадената шема. Во упатството за употреба претставена е и шемата на телефонот.