шеснаесетдневен | прид.
Што трае шеснаесет дена. Шеснаесетдневна прослава. Шеснаесетдневните спортски игри.
шеснаесетина | ж.
Околу шеснаесет, множество од околу шеснаесет лица или предмети. Во групата имаше шеснаесетина тркачи.
шеснаесетка | ж.
Тоа што е означено со бројот шеснаесет (автобус, зграда, улица и сл.). Таа живее во шеснаесетката на вториот кат.
шеснаесеткатница | ж.
Зграда што има шеснаесет ката. Фирмата е сместена во една шеснаесеткатница во центарот на градот.
шеснаесетмина | бр.
Шеснаесет луѓе, шеснаесет лица.
шеснаесетник | м.
Простор означен до шеснаесет метри од голот на фудбалски натпревар. Слободниот удар го изведува од шеснаесетникот. Тој влезе во шеснаесетникот со големи шанси за погодок.
шеснаесетти | прид.
Бројна придавка од шеснаесет. Шеснаесетти роденден. Шеснаесетти век.
шеснаесеттина | ж.
Еден дел од целина разделена на шеснаесет еднакви делови. Тој доби шеснаесеттина од имотот.
шеснаесеттинка | ж.
За прецизно мерење време како дел од секундата. Тој ја изгуби трката само за една шеснаесттинка. Таа го сруши светскиот рекорд за шеснаесттинка.
шеснаестерец | м.
(спорт.). Во фудбалот – казнен удар во противничкиот гол од просторот означен како шеснаесетник. Роналдо многу успешно ги изведува шеснаесетерците.