шериф | м.
Службено раководно лице во полицијата во Соединетите Американски Држави и во Англија, полициски началник. Шерифот и неговиот помошник организираа потера по бегалците.
шерифов | прид.
Што му припаѓа на шериф. Шерифова шапка. Шерифовиот пиштол.
шеријат | м.
Збир од четири начела што го означуваат вистинскиот пат како треба да се постапува во општествениот, семејниот и верскиот живот кај муслиманите, прописи од верското и световното право во исламот. Сите муслимани треба да се однесуваат според шеријатот. Тој го искористи правото од шеријатот да има четири жени.
шерпас | м.
Водач при искачување на Хималаите, дел од народот што живее во планините на Непал. Искусни шерпаси.
шесмина | бр.
шеснаесет | бр.
Број за шест поголем од десет, се бележи со бројката 16.
шеснаесет- | претс.
Прв дел од сложенки со значење шеснаесет од тоа што го означува основата во вториот дел од сложенката шеснаесет: шеснаесетгодишен, шеснаесетдневен, шеснаесетмесечен, шеснаесетгодишник, шеснаесетгодишнина.
шеснаесетгодишен | прид.
Што е на возраст од шеснаесет години. Шеснаесетгодишно момче.
шеснаесетгодишник | м.
Лице од машки пол што е на возраст од шеснаесет години.
шеснаесетгодишнина | ж.
Временски период од шеснаесет години; годишнина од некој значаен настан што се случил пред шеснаесет години.