шешери се | несв.
Се шири, се дуе, се кокори, се прави важен. Таа само се шешери пред соседите.
шешерлав | прид.
Накитен, нагизден, украсен. Шешерлаво дрво. Шешерлави моми.
шешир | м.
Вид капа, шапка; Црн шешир. Сламен шешир. Каубојски шешир.
шеј | м.
Предмет, облека и сл. Купила само еден шеј. Во багажникот во еден куфер беа ставени сите нејзини шејови. Таа спрема шејови за дарови.
шејтан | м.
Ѓавол, сатана, враг. Шејтанот влегол во него.
шеќер | м.
(хем.) Соединение, јагленохидрат добиен од гликоза и фруктоза, дисахарид, лесно се топи во вода, со сладок вкус, се наоѓа во растенијата и се користи во исхраната.
шеќерана | ж.
Фабрика, работилница каде што се произведува или се преработува шеќер. Во непосредна близина на градот се изгради шеќерана. Таа работи во шеќераната.
шеќераш | м.
шеќердиса | св.
Направи да стане зашеќерено, зашеќери во поголем степен, доведе во состојба на стврднатост; се. Таа стави помалку вода и го шеќердиса слаткото.
шеќерен | прид.
Што произведува шеќер или што се користи за производство на шеќер. Шеќерен погон. Шеќерна фабрика. Шеќерна репка. Шеќерна трска.