шеќерка | ж.
Вид многу слатко јаболко. Полна торба со шеќерки.
шеќерлема | ж.
Вид слатко; зашеќерено овошје. Шеќерлеми со ореви. Шеќерлеми со сусам.
шеќерлиса | св.
шеќерлија | прид.
Што е благо, прекумерно заблажено со шеќер. Кафето да биде шеќерлија, а водата студена.
шеќерник | м.
Помал сад во кој се чува шеќер. Порцелански шеќерник. Стаклени шеќерници.
шеќеров | прид.
Што содржи шеќер, што е заситен со шеќер, составен од шеќер. Шеќерова вода. Шеќерова грутка.
шеќерче | ср.
Бонбона, бонбонче. Таа во џебот си носеше шарени шеќерчиња.
шеќерџилница | ж.
Работилница и продавница каде што се произведуваат и се продаваат бонбони (шеќерчиња) и други слатки. Шеќерџилница во центарот на градот.
шеќерџија | м.
Произведувач и / или продавач на бонбони (шеќерчиња) и на разни други слатки. Познат градски шеќерџија. Нејзиното семејство беа шеќерџии.
шиба | несв.
шибне_1_2_3.