Шибеник | м.

Приморски град во Хрватска.

шибер | м.

Механизам со лизгачки делови – во некои машини, на прозорци, врати и сл. Стави шибер врата меѓу кујната и дневната. Прозорците се шибер. На неколку места има шибери што се отвораат и се затвораат автоматски.

шиблинка | ж.

Тенка, еластична, долга прачка, обично со трње на неа; тенко стебло.

шибне | св.

Силно удри со дел од човековото тело или со некој предмет. Тој го шибна со нога по коленото. Таа го шибна коњот за да трча побргу.

шивална | ж.

Работилница каде што се шие, се изработува облека. Модерни шивалници. Стара шивална. Реновирани шивални

шивач | м.

Тој што шие, занаетчија што се занимава со шиење облека. Познат шивач на машки костуми. Модерни светски шивачи.

шивачки | прид.

Што служи при шиење. Шивачка машина. Шивачки прибор. Шивачки игли.

шие | несв.

Соединува, прикрепува нешто со помош на игла и конец, рачно или со машина за шиење. Таа ги шиеше копчињата на кошулата. Веќе неколку пати ја шиеше поставата на здолништето.

шизи | несв.

Игра модерен танц што се појавила во шеесетите години од XX век, танц со брз ритам на рокенрол музика. Момчињата и девојките шизеа на подиумот. Публиката врескаше и шизеше.

шизик | м.

Тој што се однесува или се облекува според модните трендови, надвор од форми и стереотипи, без да внимава на определени протоколи, Скопски шизици. Најголем шизик во градот.