шипка 1 | ж.
Растение во вид на грмушка, дива роза; Rosa canina, шип_1, шипинка_2. Шипката расте до 3 метри. Шипките беа расцветани.
шипка 2 | ж.
Метална, железна прачка. На прозорецот имаше дебели шипки. Танчарка на шипка. Се тепале со шипки. Децата се бесеа на шипките.
шипков | прид.
Што припаѓа, што се однесува на шипка, добиен од шипка. Шипков сок. Шипков џем. Шипкови цветови.
шипов | прид.
Што припаѓа, што се однесува на шипка, направен од шипка. Шипова грмушка. Шипови прачки.
шипон | м.
Сорта средноквалитетно бело вино.
шипурка | ж.
Специјално направено цевче на чешма или на сад за течност од каде што истекува течноста. Водата тече од две шипурки.
шипјак | м.
Место што е обраснато со шипје. Густ шипјак.
шипје | ср.
шир | ж.
Простор, пространство, широчина. Небесна шир. Морска шир. Водна шир. Бескрајна шир.
шира | ж.
Сладок, неферментиран сок од изгмечено грозје. Испи цело шише шира.