шиндра | ж.
Мала тенка, лесна штица што се употребува за изработка на покриви, тавани и сл. Квалитетни шиндри. Скапи шиндри. Увозни шиндри.
шине | св.
Истегне, повреди, свитка, измести од нормална положба дел од човечкото тело. Тој го шинал коленото. Таа си ја шинала ногата. Си ја шинав половината.
шинел | м.
Долго, зимско палто, обично дел од војничка облека. Војнички шинел. Распартален шинел. Стари шинели.
шинела | ж.
шиник | м.
Дрвен сад со цилиндрична форма што служи како стара мера за житни култури и сл. Стар шиник. Изработува шиници.
шинобус | м.
Вид превозно средство што се движи на шини на електричен погон, слично на автобус; моторен воз. Локален шинобус. Туристички шинобус.
шинтер | м.
Лице што е вработено како гонител (и уништувач) обично на кучиња и на други животни.
шинтерница | ж.
Зграда, простор каде што се чуваат и се уништуваат улични скитници животни, обично кучиња и мачки; Градска шинтерница.
шип | м.
Вид шумско овошно растение, дива роза; сп шипка. Rosa canina. Ограда украсена со шип. Крај патот растеше шип и глог. Шипот е самовилски трендафил.
шипинка | ж.
Плод од шип.