шкампи | ж.

Морски рак кој се употребува во исхраната како специјалитет. Порција шкампи.

шкарт | м.

Лоша, неупотреблива стока со грешка и со низок квалитет, дел што отпаѓа поради нискиот квалитет. Седумдесет проценти отпадна на шкарт. Целата стока е шкарт.

шкартира | св. и несв.

Отстрани, отстранува нешто што е со грешка, што е шкарт. Тие ја издвоија и ја шкартираа стоката со грешка.

шкартирач | м.

Тој што шкартира.

шкаф | м.

Дел од мебел, орман. Дрвен шкаф. Шкафови за книги.

шкембест | прид.