шкембе-чорба | ж.
шкембеџија | м.
шкембеџилница | ж.
школа | ж.
а) Образовна установа каде што се учи, училиште, место каде што се добива знаење; почесто за определени вештини, специјализирано училиште. Школа за странски јазици. Школа за танц. Школа за боречки вештини. Балетска школа. Школа за млади лидери. Школа за односи со јавноста. б) Училишна обука поврзана со определен степен на образование, училиште. Виша школа. Висока школа.
школарина | ж.
Паричен надоместок за користење на услугите на некоја школа, односно образовна установа.
школија | ж.
школка | ж.
(зоол.) Вид водно животно што живее во слатки и во солени води, заштитено со тврда обвивка; Bivalvia. Морски школки. Речни школки. Брег познат по убавите школки и корали.
школник | м.
Ученик, студент, лице што е образувано и што сѐ уште учи. Млади школници. Секое лето школниците се враќаа во селото.
школо | ср.
школовка | ж.
Обука, здобивање со знаење и опитност, искуство во нешто. Тој отиде на школовка во Русија. Добро му одеа школовките.