шлапоти | несв.

Силно шлапа;

шлафрок | м.

Домашна облека, наметка (машка или женска) за по дома. Свилен шлафрок. Црн машки шлафрок.

шлајка | ж.

Мала дупка, дупче издлабено во средината на нацртан круг при игра со џамлии. Дворот беше издупчен со шлајки. Тој се обидуваше да ја погоди шлајката.

шлајм | м.

Слузно излачување од дишните патишта и од белите дробови, густа плунка, плуканица; балган.

шлајфува | несв.

За тркала и сл. – се лизга, се слизга, се врти во место. Тркалата шлајфуваа во калта.

шлем | м.

Заштита за главата, метална покривка, Метален, црн шлем. Војници со шлемови на главите. Работниците на градилиштето носеа бели шлемови.

шлеп | м.

Големо товарно моторно возило (брод и сл.) што служи како средство за влечење друго прикачено кон него; влечно средство.

шлепер | м.

Голем товарен камион кој е еден вид носач, обично кон него се приклучени товарни приколки, влекач. Овошјето се пренесува со шлепери. Патот е забранет за шлепери.

шлепува | несв.

Влече, тегли (автомобил и сл.). Ние го шлепувавме неговиот автомобил до сервисот.

шлиба | несв.

Нагло повлекува, затегнува, одеднаш стресува. Тој го шлиба јажето.