шлибак | м.
Гранка од црница.
шлибне | св.
Нагло повлече, затегне, одеднаш стресе. Тие ги шлибнаа јажињата на мостот.
шлиф | м.
Убаво однесување, префинетост, отменост, убави манири. Тој има шлиф.
шлифува | несв.
Обработува површина на дрво, метал и сл., мазни, бруси некој предмет. Со метална шмиргла ги шлифуваше летвите.
шлиц | м.
Разрез, прорез, цеп на облека (здолниште, панталони и сл.). Црн фустан со голем шлиц од страната. Шлицот му беше отворен. Здолниште со шлицови отстрана.
шлог | м.
Мозочен удар, состојба на телото или на дел од телото што се јавува како последица на инфаркт или некој друг вид заболување при ненадеен прекин на дотур на крв, при што се јавува вкочанетост и неподвижност. Докторите потврдија шлог на десната страна.
шлогиран | прид.
Што има шлог, што доживеал шлог, неподвижен, што е без можност за движење. Шлогирана страна. Шлогиран дел од лицето.
шлогира се | св.
Доживее шлог, мозочен удар; се вкочани, стане неподвижен, одземен, се парализира во некој дел од телото. Таа се шлогира од силниот инфаркт.
шлуп! | изв.
За подражавање звук.
шлупка | несв.