шлак! | изв.

За подражавање звук што се слуша при некаков удар (шлаканица) или нешто течно што паднало, што се разлеало; Тој замавна и се слушна едно силно: шлак!

шлака | ж.

Талог, отпадок, згура што се добива при процесот на топење руда.

шлака | несв.

Произведува звук удирајќи со дланките во нешто или дланка со дланка. Тој шлака по масата додека зборува. Тие шлакаа со дланките во знак на протест.

шлаканица | ж.

Удар со дланката обично врз образот на лицето. Таа му влепи една шлаканица. Ако му врзеш две-три шлаканици , ќе се смири.

шлакнат | прид.

Што е нетокму, што не е во ред со однесувањето. Шлакнато момче.

шлакне | св.

Удри со дланките или дланка од дланка произведувајќи звук. Јас шлакнав со дланката на масата.

шлакутница | ж.

Место испрскано со вода или извалкано со нешто истурено и сл. Кујната станала шлакутница. Кога се тушира таа, бањата станува шлакутница.

шланк | прид.

За човек – што е тенок, виток. Како млада била дебела, а сега е шланк. Шланк девојка.

шлап! | изв.

За подражавање звук.

шлапа | несв.

Оди, гази по кал, вода и сл. без да внимава. Децата шлапаа по вировите. Тој не внимава и шлапа во калта.