шмајзер | м.

Вид автоматско огнено оружје, кратка автоматска пушка која овозможува рафално пукање. Шмајзерот го носеше обесен преку градите.

шмек | м.

Вкус, нешто пријатно за сетилата. Специјалитет со необичен шмек. Разговорот немаше шмек.

шмеќар | м.

Лажливец, измамник, лукав човек, превртливец, крадец. Модерен шмеќар. Маалски шмеќари.

шмеќарија | ж.

Неговите шмеќарии немаа крај.

шмеќарлак | м.

Лага, измама, сплетка, подметнување. Познат беше по шмеќарлакот.

шмеќарува | несв.

Прави шмеќарлаци, се служи со разни измами, сплетки и сл. Во младоста шмеќаруваше, а потоа се спамети.

шмизла | ж.

Дрдорка, озборувачка, помодарка, разгалена девојка со специфичен животен стил којашто кокетира и што ги следи актуелните модни збиднувања. Скопски шмизли.