шминка | ж.

Козметички, декоративни средства што се нанесуваат на лицето и на телото за разубавување. Шминка за очи. Светкава шминка. Модерна шминка. Чанта полна со шминки.

шминка | несв.

Става, нанесува шминка. Два часа ја шминкаа невестата.

шминкер | м.

Тој што се занимава со шминкање како професија. Во студиото има неколку шминкери.

шмиргла | несв.

Бруси, мазни, чисти со шмиргла. Масата ја шмирглаа пред лакирање.

шмиргла | ж.

Материјал столчен во прав залепен на хартија или на платно, служи за брусење, мазнење и чистење на дрвени, метални и сл. површини. Тенка шмиргла. Метална шмиргла.

шмрк | м.

Подебело црево, дел од пумпа со кое се вшмукува или се исфрла течност (вода, масло, нафта и сл.). Пожарникарски шмрк. Тестирани шмркови.

шмрк! | изв.

За подражавање звук при шмркање. Во темнината се слушаше само шмрк, шмрк!

шмрка | несв.

Шумно вовлекува низ носот нешто, ситни честички од некоја супстанција, материја, течност (лек, бурмут, дрога и сл.). Тој секој ден шмрка бурмут. Никој не знаеше дека шмрка бел прав. Таа шмркаше и кашлаше. Се расплака и почна да шмрка.

шмугне се | св.

Побегне, се провлече бргу, отиде негде незабележливо. Таа се шмугна низ вратата. Таа без збор се шмугнала некаде. Јас се шмугнав од собата додека зборуваа за настанот.